Насловна / Вести / Секретаријат на Енергетска заедница: Успорување на енергетската транзиција

Секретаријат на Енергетска заедница: Успорување на енергетската транзиција

Севкупното темпо на спроведување на реформи во Енергетската заедница во изминатата година е преполовено. Генералниот учинок во однос на имплементацијата е зголемен од 53% на 56%. На Западен Балкан само Албанија и Србија оствариле напредок над просекот, вели Секретаријатот на Енергетската заедница во својот Годишен извештај за имплементација.

EC1

Црна Гора и натаму е најнапредна на скалата со 65%, но исто така е и единствена земја која во изминатата година забележала пад во износ од четири прцентни поени. Документот покажува дека за ваквата позиција придонеле неусогласеноста на термоелектраната на јаглен „Плевља“ со стандардите за загадување и недостатокот на секундарна регулатива за аукции на енергија од обновливи извори.  Молдавија, Грузија и Украина се единствените договорни страни на Енергетската заедница надвор од регионот на Западен Балкан. Грузија имала најдобри релативни перформанси споредено со претходниот извештај.  Седницата на Министерскиот совет на Енергетската заедница е закажана за 30-ти ноември во Белград, каде треба да се усвои мапата на патот кон декарбонизација и клучните елементи на Пакетот на Европската унија за чиста енергија, како и усвојување на целите до 2030 година. Како што е наведено во извештајот, интеграцијата на регионалниот пазар на електрична енергија останува еден од најголемите предизвици. Јазот во имплементацијата на европското законодавство за алокација на капцитетите, балансирањето и управувањето со системот и натаму е високо на листата приоритети.

T

ec2

Најголемиот дел земји имаат слаби перформанси во воведувањето на обновливите извори во сообраќајот. Србија во оваа област забележува сериозен напредок. Србија и Украина го делат второто место според вкупните климатски реформи во енергетиката, со по 62%, а следува Македонија со 61%. Босна и Херцеговина котира најлошо со 45%. Македонија е пофалена поради ветувањето дека најдоцна до 2028 целосно ќе го напушти користењето на јагленот. Но, извештајот нотира дека Македонија сторила премалку за реформа на пазарот на електрична енергија, додека реформите во секторот инфраструктура воопшто не се започнати.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top