Насловна / Вести / Заврши неделата на старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија во Македонија

Заврши неделата на старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија во Македонија

Во период од 22 – 25 јуни 2021 преку платформата ZOOM, во организација на Центар за климатски промени – Гевгелија и GS1 Македонија се одржа настанот „Недела на старт – ап бизниси и мали и средни претпријатија (МСП)“. Во текот на четиридневниот настан се одржаа бројни презентации и панел дискусии од страна на различни претставници на институции, компании и организации кои се занимаваат со поддршка на старт – ап бизнисите и МСП во Република Македонија. Настанот беше проследен од повеќе од 150 различни учесници, а воедно беше емитуван во живо на социјалната мрежа Facebook. Целта на настанот беше да ги промовира резултатите од проектот, да ги потенцира можностите и условите за отпочнување сопствен бизнис, да овозможи дискусија за проблемите на старт – ап компаниите, но истовремено да претставува можност да се слушнат успешните приказни од веќе постоечките старт – ап компании.

ckp1

ckp2

Она што може да се заклучи е дека на пазарот постојат речиси сите механизми за финансиска поддршка кои постојат и во развиените земји и дека иако некои од нив се во фаза на развој, сепак успешно функционираат. Но, сеуште недостига засилен фокус на финансиска едукација на претприемачите и анализа со која бизнисите ќе дојдат до вистинската одлука, кој од овие механизми да ги користат во одредена фаза на развојот на сопствениот бизнис. Партнерскиот однос, воспоставен на овој настан, ќе претставува сериозна основа за натамошно подобрување на екосистемот за поддршка на претприемачите со помош на граѓанскиот сектор, присутен пред се преку Центарот за климатски промени и GS1 Македонија кои и понатаму планираат да го поддржуваат процесот на растење на новите бизниси. На настанот учествуваа следните говорници:  претседателот на Центар за климатски промени  Бојана Станојевска Пецуровска, извршниот директор на GS1 Македонија Кирил Коровешовски, Марија Поликарп од Нату Лив Спајсес, Мартин Николовски од Мркеланџелос Китчен, Елена Мирчевска Тодороска од Нест Бокс, проф. д-р. Радмил Поленаковиќ од Машинскиот факултет Скопје, проф. д-р. Стојан Дебарлиев од Економски факултет УКИМ, Игор Маџов од Startup Macedonia, Виктор Мешков од СЕАФ инвестицискиот фонд од Скопје, Христина Тошевска од Фондот за иновации и технолошки развој, Маја Столевска Костадинова од ЕБРД, Јован Чочевски од Штедилница Можности, Сања Митровска од Унибанка АД Скопје, Ксенија Вангелова од Агенцијата за вработување, Маја Тасева од Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Емилија Андонова од Европската мрежа за бизнис можности (EEN), Александар Стамболиев од УКИМ акцелераторот, Ангела Митриновска  од Сеавус акцелераторот, Ѓорѓи Рафајловски од СЕЕУ Бизнис акцелераторот и претставник од Икс фактор акцелераторот од Велес.

ckp3

ckp4

Посебно интересно беше претставувањето на успешните приказни на веќе постоечките старт – ап компании и истиот се организираше во комбинирана форма на следење, со директно учество на говорници во студио во Охрид и ЗООМ платформата. Презентирани се  приказните на Диет Ком ДООЕЛ, Ристовски Медиа, Костоски ДООЕЛ,  Веднаш потоа следуваше панел дискусија на успешните приказните на старт – ап фирмите Creative Hub, Affiliates Perform и Солар дата.  Настанот претставуваше одлична можност за сите новоформирани компании, за старт-ап компаниите, за малите и средни претпријатија но и за младите ентузијасти кои сакаат да започнат бизнис да се информираат за начините на финансирање, услугите кои се достапни но и да се мотивираат за отпочнување и успешно водење на својот бизнис.

Настанот беше модериран од страна на г-дин Сергеј Зафировски, претприемач и сопственик на Инсајдер ИД и г-дин Горан Лазаревски, долгогодишен консултант во областа на претприемништвото и финансиски консалтинг.  Неделата за старт ап – бизниси и МСП се организираше во рамките на проектот „Зголемување на иновативните бизниси поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ“ – (IBiSEAit), финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот https://ckp.org.mk.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top