Насловна / Вести / Европската Комисија сака да го оданочува авионското гориво

Европската Комисија сака да го оданочува авионското гориво

Европската Комисија изработила планови за утврдување на најниската даночна стапка за загадувањето од авионските горива на ниво на цела ЕУ, бидејќи настојува да ги исполни амбициозните цели во борбата против климатските промени. Европската Комисија подготвува ревизија на оданочувањето на енергијата во Унијата, како дел од пакетот мерки кои ќе бидат предложени на 14-ти јули. Предлог нацртот на Комисијата има за цел да му наметне обврски и на воздушниот сообраќај кој досега беше изземен од вакво оданочување. Од 2023 година, минималната даночна стапка за овие горива постепено ќе се зголемува во текот на 10 години, се додека не се постигне полна стапка на оданочување. Нацрт предлогот не прецизира колкава ќе биде таа конечна стапка. Одржливите горива, вклучувајќи ги обновливиот водород и напредните горива не би биле соочени со овие даноци во текот на тој десетгодишен период.

kerosine2

Инаку, енергетски потентни алтернативи на керозинот за авиони сеуште нема, иако некои ЕУ производители на авиони (Airbus) започнаа да експериментираат со мотори кои би можеле да користат водород, но тоа е нешто што би можело да биде во примена дури после 2030 година. Напредни биогорива на пазарот има мал број, и главно станува збор за производство од увозни масла, што ЕУ настојува да го дестимулира.

kerosine3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top