Насловна / Вести / Завршена изградбата на најголемата соларна електрана на Балканот

Завршена изградбата на најголемата соларна електрана на Балканот

Изградбата на соларната елкетрана „Априлци“ е завршена, а приклучувањето на мрежа во полн капацитет е планирано за јуни. Оваа постројка во јужна Бугарија е најголем на Балканот и во Источна Европа. Електраната е составена од бифацијални панели со тракери, инсталирани на носачи високи 2,2 метри.

Инсталираниот капацитет изнесува 400MW, а овозможен е преку 834.000 панели. Зад проектот стои компанијата Real States, на инвеститорката Гинка Врбакова. Електраната е изградена за две години, а локацијата се простира на над 800 хектари. На мрежа се веќе 251MW, додека остатокот е во фаза на тестирање. Вредноста на инвестицијата е околу 200 милиони евра. Со оглед дека панелите се поставени на височина од 2,2 метри, станува збор за агросоларна фарма, бидејќи земјиштето под панелите може да се користи за земјоделско производство. Тракерите ги поместуваат панелите во однос на положбата на Сонцето и така овозможуваат оптимално производство на енергија. Тие исто така имаат и заштитна улога. Имено, во случај на силен ветер, ги поставуваат панелите во најбезбедната хоризонтална положба. Панелите се од кинеско производство и имаат ефикасност од 25,5%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top