Насловна / Вести / Затворена „Пејпер Мил“ – фабриката загадувач во Кочани

Затворена „Пејпер Мил“ – фабриката загадувач во Кочани

Кочанската фабрика за хартија „Пејпер Мил“ е затворена, a решението било донесено од бугарскиот сопственик на компанијата.

Pejper mil

“Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан“, велат одговорните лица од фабриката.

Одлуката за затворање на фабриката доаѓа по повеќе од една недела, кога Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) им нареди да работат на плин, поради надминување на емисиите од оџакот, кои беа направени на 30 декември. Од ДИЖС тогаш посочија дека „инсталацијата ќе работи на плин се додека не се постигнат законски утврдените гранични вредности“.

Pejper mil2

Но, надминување на дозволените вредности беше констатирано и преку вонредниот надзор кој ДИЖС го направи на 4 ноември, како и преку двете мерења на емисиите на оџите на кочанската фабрика на 13 ноември и 2 декември.

Кочанчани на крајот на декември минатата година излегоа и на протест пред фабриката, за да алармираат за проблемот кој го прави, како што посочија тогаш, најголемиот загадувач на градот. Оттаму побараа фабриката да се затвори се додека не почне да работи според прописите и додека не почне да користи еколошко гориво.

Испрати коментар

Scroll To Top