Насловна / Вести / Отворениот лифт се наоѓал во гаражата „Смилевски конгрес“

Отворениот лифт се наоѓал во гаражата „Смилевски конгрес“

Од АД за стопанисување со станбен и деловен прстор од значење на Републиката, наведуваат дека фотографиите кои кружат на социјалните мрежи за отворен и необезбеден лифт, всушност се направени во катната гаража „Смилевски конгрес’’, онаа спроти НУ Македонски народен театар, а не како што беше објавено во катната гаража „Кресненско востание“. Како и да е, во која и да е гаража на кои имињата никако да им ги запаметиме, лифтот осамна отворен и опасен.

gr1

Од АДСДП на РСМ велат: „Со лифтовите во катната гаража Кресненско востание се е во ред“ и напоменуваат дека проблем со лифт имаат во друга катна гаража: „Лифтот кој што е споменат е  еден од двата во катната гаража „Смилевски Конгрес’’. Не е во функција поради проблем со достава на  дел за негова поправка. Постапувајќи согласно сите безбедносни протоколи  лифтот  беше затворен  и соодветно означен дека е вон употреба. Веднаш по утврдување на проблемот, нашите служби интервенираа и повторно го затворија и  соодветно го означија лифтот, откако претходно  утврдија дека истиот е насилно отворен од страна на непознати сторители. Посочуваме дека станува збор за вандалски чин кој можел да предизвика сериозни последици. Дополнително ќе се превземат мерки за поголема безбедност на просторот“.

Од АДСДП на РСМ реагираат дека нивните објекти во центарот на Скопје и во претходни наврати биле мета на вандали, со оглед на тоа што немаат чуварска служба, туку само видео надзор за да се спречат злоупотребите и секако заради поголема безбедност на граѓаните и возилата во катната гаража.

gr2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top