Насловна / Вести / Еден од најголемите загадувачи во светот планира „град без автомобили“

Еден од најголемите загадувачи во светот планира „град без автомобили“

Саудиска Арабија, водечкиот производител на нафта во светот, најави дека на брегот на Црвеното море ќе изгради град „без автомобили, улици и емисии на штетни гасови“. Проектот The Line, е составен дел од поширокиот проект Neom вреден 500 милијарди долари. Имено, планираниот град Neom, ретко се споменуваше во јавноста откако првично беше најавен уште во 2017 година, како клучен елемент на „Визијата 2030“ која би требало да ја намали зависноста на Саудиска Арабија од приходите од нафтата.

Проектот вклучува “град со милион жители, кој ќе се протега на потегот долг 170 километри и ќе сочува 95% од природата во рамките на Neom, без автомобили, улици и емисии на штетни гасови“. На површина од 26.500 квадратни километри, Neom ќе вклучува и индустриски и логистички зони кои би требало да бидат довршени до 2025 година. „Мораме да го трансформираме концептот на класичен град во футуристички“, вели челникот на земјата која редовно ја вбројуваат меѓу најголемите загадувачи во светот.

Градот за пешаци, ќе има училишта, здравствени центри, зелени површини и брз јавен превоз, а патувањето помеѓу две дестинации нема да трае повеќе од 20 минути. Главната улога ќе ја има вештачката интелигенција, а градот во целост ќе се напојува со „чиста“ енергија, создавајќи поздраво и одржливо опкружување за жителите. Изградбата ќе започне во првото тромесечие оваа година, а проектот ќе се финансира од државниот инвестициски фонд, со кој кралството се обидува да ја прошири економијата и надвор од клучниот нафтен сектор. Проектот ќе отвори 380.000 работни места и ќе го зголеми бруто домашниот производ на Саудиска Арабија до 2030 година за 48 милијарди долари.

theline1

theline2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top