Насловна / Вести / Започнува изградбата на ветерниот парк Taza во Мароко

Започнува изградбата на ветерниот парк Taza во Мароко

Француската енергетска компанија EDF Renewables и јапонската компанија Mitsui, ќе започнат со изградба на ветерната фарма Taza во северниот дел на Мароко. Првата фаза ќе се состои од 27 ветерни турбини со вкупен инсталиран капацитет од 87MW. Проектот ќе има 20 годишен договор за испорака на енергија со National Offices of Electricity and Drinking Water (ONEE) и Moroccan Agency for Sustainable Energy (MASEN). Финансиите за проектот ќе бидат обезбедени од Japan Bank for International Cooperation; Nippon Export и Investment Insurance; Sumitomo Mitsui Banking Corporation; MUFG Bank; и (Moroccan bank) Bank of Africa.

EDF Renewables и Mitsui & Co учествуваат со 60% односно 40% соодветно во делот од проектот кој е предмет на приватно финансирање. Јавниот дел кој го финансира државата Мароко преку ONEE, MASEN и Hassan II Fund, ќе изнесува до 35% од вкупната вредност на проектот. Ветерниот парк Taza се очекува да придонесе за социјалниот и економскиот развој на регионот, создавајќи работни места за околу 500 луѓе во фазата на изградба. Првата фаза од проектот треаба да стане оперативна на почетокот на 2022 година.

taza1

?????????????????????????????????????????????????????

“Оваа ветерна фарма ја демонстрира нашата посветеност во поддршката на Кралството Мароко во енергетската транзиција. Проектот се совпаѓа со целите на EDF Group за удвојување на капацитетите на обновливи извори на енергија до 2030 година, поточно од  28GW во 2015 година, на 50GW во 2030 година“ изјавил Bruno Bensasson, извршен директор на EDF Renewables. Ветерната фарма Tiza е дел од националната енергетска стратегија на Кралството Мароко од 2009 година, која има за цел зголемување на уделот на енергија од обновливи извори на земјата на 42%, од вкупниот инсталиран капацитет до 2020 година.

Анализата на Светската банка од 2009 година, за растечките пазари на офшор ветерните електрани, изработена во рамките на World Bank Energy Sector Management Assistance Programme, покажува дека иако Мароко има инвестиции во областа на соларната енергија и енергијата на ветерот, сеуште има огромен неискористен потенцијал.

taza3

taza4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top