Насловна / Архитектура / Деловна зграда со блескав брановиден покрив

Деловна зграда со блескав брановиден покрив

Новата зграда на седиштето на кинеската телекомуникациска компанија ZTE ја карактеризира необичен покрив со испакнување. Во склоп на тоа подрачје се наоѓа простор за забава преполн со зеленило. Зградата под името Shenzhen Wave ќе биде висока 60 метри и ќе се наоѓа во Шенжен во атрактивната крајбрежна област. Проектот го изработила компанијата Büro Ole Scheeren која е позната по создавањето на “нестандардни“ и интересни деловни згради. Главниот фокус на оваа деловна зграда ќе биде флексибилноста. Таа ќе гледа низ канцелариите кои се проектирани така да можат да се поделат, изменат и повторно да се конфигурираат во зависност од барањата. Деловните простории ќе заземаат најголем дел од објектот, но на секое ниво ќе се наоѓаат и надворешни тераси со цел негување на здравото работно опкружување. Кон главниот хол или атриумот исполнет со светлина, ќе се пристапува од приземното плато и ќе биде поврзан со сите нивоа. Последното ниво ќе вклучува значајни количини на зеленило, како и теретана, кафуле и бар, но и други содржини за забава. Овој дел ќе биде поврзан со уредениот простор на покривот, а исто така и со предворјето на приземјето. Зградата ќе биде поставена на „столбови“, односно ќе биде подигната во одредени делови, со што ќе се овозможи создавање на простор за јавен плоштад поврзан со крајбрежјето. Кривулестата брановидна форма ќе ги поттикне спонтаните средби помеѓу луѓето кои овде работат или ќе се најдат тука од некоја друга причина. Овој “бран“ ќе се простира низ зградата и ќе поврзува повеќе нивоа  – ќе ја подига конструкцијата од тлото со што ќе создаде отворен пат низ објектот за светлината, приемчивост на пејсажот и циркулација. Просторната организација на зградата ќе ги „зајакне“ интеракциите и иновациите на компанијата. Проектот Shenzhen Wave веќе ги има добиено сите потребни дозволи, и наскоро се очекува почетокот на изградбата. Градот Шенжен продолжува да се развива и расте со многу брзо темпо, па само во 2019 година се завршени 15 облакодери со височина од над 200 метри.

zw1

zw2

zw3

zw4

zw5

Испрати коментар

Scroll To Top