Насловна / Вести / Започна со работа најголемата офшор ветерна електрана на светот

Започна со работа најголемата офшор ветерна електрана на светот

Ветерната електрана Hornsea 2, сместена во северното море кај Велика Британија, започна да испорачува електрична енергија. Кога ќе биде целосно оперативна, оваа постројка ќе има капацитет од 1300MW, односно вкупно 2500MW, ако се смета заедно со соседниот проект Hornsea 1. Тоа е во моментот најголемата ветерна електрана на вода на Планетата.

hornsea1

Компанијата Ørsted, во октомври во рамките на проектот Hornsea 2, ја постави најголемата светска трансформаторска станица за наизменична струја на водени површини и станица за компензација на реактивна енергија. Новиот систем има 390 километри подморски кабли и уште 40 километри на копно, до источниот брег на Велика Британија.

hornsea3

„Веќе е во подготовка и Hornsea 3, за кој се проценува дека ќе има моќност од најмалку 2400MW, како и Hornsea 4“, велат во Ørsted. Сите четири ветерни електрани ќе бидат во истата област. Велика Британија има за цел до крајот на деценијата да го зголеми вкупниот капацитет на офшор ветерните електрани на 40.000MW. Оваа земја се потпира и на новите технологии на пловечки ветерни паркови и електрани на енергијата од плимата. Во нејзините води се наоѓаат најголемите вакви постројки на светот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top