Насловна / Вести / Во 2023 година, SpaceX ќе го лансира најтешкиот сателит во историјата

Во 2023 година, SpaceX ќе го лансира најтешкиот сателит во историјата

Компанијата SpaceX, планира наредната година со помош на својата ракета Falcon Heavy, да го лансира најтешкиот комерцијален геостационарен сателит во историјата. Претходно овој месец, компанијата EchoStar соопшти дека производителот на сателити Maxar Technologies ја одложил испораката на сателитот Jupiter-3, кој требаше да биде лансиран на крајот на минатата година. Во меѓувреме, се појави информација дека е зголемената првобитната тежина на сателитот Jupiter-3, и дека тој ќе биде најтешкиот кој е лансиран досега.

jupiter2

За лансирањето е задолжена компанијата SpaceX, која за оваа мисија ќе ја користи својата ракета Falcon Heavy, и во вселената ќе го однесе геостационарниот комуникациски сателит Jupiter-3. Овој сателит е познат и како Echostar 24. Неговата тежина е околлу 9,2 тони, што е многу повеќе од тежината на претходната варијанта на овој сателит која изнесувала 5,8 тони.

jupiter3

SpaceX во јули 2018 година го собори рекордот со лансирање на најтешкиот комерцијален геостационарен сателит тежок 7.076 kg. Станува збор за сателитот Telstar 19V. Сега, со тежина од 9,2 тони, Jupiter-3 станува најтешкото летало лансирано во геостационарната орбита, бидејќи потешките летала обично се раздвојуваат до таа точка, односно  35.785 km над површината на Земјата. Вреди да се спомене дека ракетата Ariane 5 го држи рекордот за подигање на најтешкиот вкупен товар во геостационарната преносна орбита, откако е лансирана со два засебни сателити тешки вкупно 10,27 тони. Од друга страна со ова најавено лансирање, SpaceX ќе го собори својот претходно споменат рекорд од 2018 година во однос на тежината на сателитот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top