Насловна / Технологии / Четиво за на плажа

Четиво за на плажа

cetivo_za_na_plaza-thumb.jpgПравило е на одмор да ја
понесете книгата што сте
сакале, но не сте стигнале
да ја прочитате веќе подолго
време. За волја на вистината,
еден дел од нас ќе ги вратат
книгите непрочитани со милион
други изговори, додека другите
пак ќе демонстрираат поголема
сериозност и карактер. Лично, на
одмор тргнувам со неколку книги,
но секогаш и со добро ИТ списание.

Не гарантирам дека сите понесени
книги ќе бидат прочитани, но за
списанието гарантирам дека ќе биде
„детално скенирано“ и распарчено
(имам навика интересните чланци
да ги кинам и прикачувам во
личниот нотес за идно користење и
потсетување). Сега, за книгите ништо
не би препорачал, тие се работа
на личен вкус, но со списанијата е
поинаку, па топло би препорачал
ИТ списание. Дури и да не сте
„по компјутерите“, одвојте малку
време за да научите нешто повеќе
за Информатичката Технологија
(ИТ) бидејќи често е „добрата вила“
која ќе ви донесе предност пред
конкурентите. А списанијата се баш
user-friendly: содржат интересни
содржини, текстот е пропратетен
со фотографии или цртежи, бргу се
читаат, а можете да ги читате и од
последната страна кон почетокот.
Секако, со самото читање на
списанието, нема да станете rocketscientist,
но видиците дефинитивно
ќе ви бидат проширени.

cetivo_za_na_plaza.jpg

Можеби и
нема да чекате до следното лето за
повторно да се заинтересирате за
ИТ, и за да купите ИТ списание. Но,
некои имаат стекната одбивност кон
списанијата воопшто. Во нивните
очи, списанијата не се релевантен
извор бидејќи ги сметаат за средство
за политички или комерцијален
маркетинг. Но, вистината е дека
сериозните списанија се многу
повеќе од рекламите што ги
содржат. Пред сè, авторите им се
докажани професионаци во полето
каде што работат. Честопати, се
објавуваат ексклузивни податоци и
анализи од извршени истражувања
во реномирани институции,
а понекогаш и сведоштва на
читателите за „вистината да
излезе на дело“. Редакциите многу
внимаваат на своето реноме,
особено оние што се стекнале со
титулата врвен бренд. Значи не е се
„жолт печат“, иако е сè поприсутен
околу нас. Нашиов пазар е некако
скуден со добри ИТ списанија, затоа
треба внимателно пребарување. Мој
совет е да се избегнат списанијата
што голем дел од својата содржина
посветуваат на рециклирани вести
од интернет и на реклами. Ако веќе
не сте фан на некое ИТ списание,
тогаш погледнете на насловната
страна и барајте ја темата на
бројот, обично ударно прикажана
на насловната страна. Практично,
тема на бројот се збир на чланци во
кои е посветено големо внимание
доволно квалитетно да се обработи
тема од дадена област. Таквото
истражување или анализа не е за
занемарување бидејќи може да
биде прилично компетентно.

 

АРХИТЕКТУРА И
ГРАДЕЖНИШТВО

За жал, ИТ списанијата ретко се
случува да елаборираат теми од ИТ
која го опслужува градежништвото
или архитектурата, но тоа не значи
дека нема ништо корисно во нив.
Напротив, инженерите користат
најразновиден хардвер и софтвер,
па ако вестите што ги очекувате не
се дадени во една целина за нас
интересна, тогаш ќе ги побараме
наоколу по списанието и нешто
ќе излезе. На пример, скоро
секоја сериозна рецензија на
преносен или десктоп компјутер
содржи мислење за користење
на компјутерот за КАД или 3Д
потреби. Можеби и ќе научиме
нешто повеќе за моменталната
хардверска технологија и за тоа
каква конфигурација нам ни е
потребна, како да ја оптимизираме
работата и перформансите итн.
Понатаму, незаобиколна тема
е и сè популарниот Виндоус
7, оперативниот систем на
„Мајкрософт“. Скоро редовно
се објавуваат текстови за
тоа како да се оптимизира
апликацијата според потребите,
како да се забрза или одрѓува
компјутерот и слично.

 

ЛЕТО

Во Македонија, без да ми замерат
ако сум испуштил некого, имаме
две домашни ИТ списанија, 3-4
српски, 3-4 хрватски и нешто повеќе
ИТ списанија на англиски јазик.
Додека домашните се сретнуваат
секаде, странските ги има само во
поснабдените трафики. Оние пак
на англиски, само во продавниците
специјализирани за увоз на
странски списанија. Скоро сите
се месечни изданија, а цената
се движи грубо кажано од едно
евро, па и над дваесет пати повеќе
од тоа. Не секогаш споредбата
на цените е репер за квалитетот
на списанието, но вреди да се
замислиме. На пример, вљубениците
во 3д визуелизација, честопати
купуваат специјализирани
списанија, кои чинат околу 15
евра, но со нив доаѓа и диск кој
содржи исклучително корисен
материјал вреден и над 1000
евра. Од друга страна, ако е
време за обнова на хардверот или
софтверот, тогаш вистинските
рецензии на компјутерите или
анализите на можностите на
лиценцирање, може да ни се
најдат одлично при главоболките
од типот: што и како да купиме.
А верувајте, и најевтиното или
„најлошто“ ИТ списание може
да ни заштеди. И да има барем
една корисна информација,
сигурно е повредна од цената
на списанието. Значи, некако
добивката е загарантирана. Згора
на тоа, јули и август се месеци
кога излегуваат двоброевите
на списанијата, што значи две
списанија за цена на едно. Ова лето
веројатно ќе видиме и извесен број
Таблет на плажа. Да нема забуна,
големата буква Т е ставена само
да не помислиме на таблети како
лекарства, туку на исклучително
згодните и функционални преносни
компјутери со изглед на голем
тач-скрин телефони. Таблет се
со нас скоро цела година. Имаме
навала од азиски производители,
па цените им се особено достапни.
Првичната намена на ваквите
портабл компјутери беше за
читање на електронски списанија
и книги, но во меѓувреме станаа
и компјутер, фотоапарат, и што
ли уште не. Немам ништо против
електронските списанија, напротив
ми се допаѓа се за нив, поевтини
се од печатените изданија и
прилично се трајни (единствено ми
недостасува карактеристичниот
мирис на печатените изданија).
Сепак, пред да дојдете со Таблет
на плажа, информирајте се повеќе.
Евтините Таблет имаат тело од
слабо квалитетна пластика. На
сонце се збрчкуваат, на допир
со вода лесно прегоруваат итн.
Кој прочитал рецензии за ова,
знае. Уште еднаш, корисен
совет прочитан од списание
може да ви ги заштеди парите
дадени за набавка на Таблет. Без
понатамошно лобирање за да
понесете ИТ списание на плажа,
би додал само дека списанијата
одлично се надополнуваат со
книгите, па едното не треба
да го исклучи другото.

 

Трајче Стојанов ,
дипл.инж.арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top