Насловна / Вести / Втор обид на Норвешка со проектот за зафаќање на јаглерод диоксид

Втор обид на Норвешка со проектот за зафаќање на јаглерод диоксид

Норвешка ќе финансира две третини од големиот проект за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид, што ќе биде нејзин втор обид да на тој начин ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Првичниот план во земјата која е голем произведувач на нафта е опишан како „слетување на Месечината“. Според норвешката премиерка Ерна Солберг, проектот наречен „Лонгшип“ според бродовите кои ги користеле Викинзите, ќе му помогне на светот во достигнување на целите од Парискиот договор за климата.

norway3

„Сега развиваме капацитети за складирање. Тоа е важен чекор, бидејќи ќе постои можност за безбедно складирање за многу други земји кои исто така ќе сакаат да го зафаќаат и складираат својот јаглерод диоксид“, рекла Солберг. Зафаќањето и складирањето на јаглерод диоксид веќе долго се смета како мерка во справувањето со емисиите на CO2, но во светот постојат само неколку комерцијални проекти. Пред десет години, Норвешка се обиде да го релизира својот проект за зафаќање на јаглерод диоксид во електрана на природен гас. Државната нафтена компанија Equinor (поранешна Statoil), не успеа да го реализира тој план од финансиски причини. Според новиот предлог, Норвешка би го финансирала проектот за складиштење на јаглерод диоксид во цементарница на југот од земјата со која управува германската компанија Heidelberg Cement. Владата ќе финансира и постројка во погонот за спалување на отпад во Осло, со која управува фински „Фортум“, доколу и финската компанија учествува во финансирањето на проектот. „Верувам дека овојпат Норвешка ќе успее“ рекла Камила Свендсен Скриунг, советник за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (CCS – Carbon Capture and Storage) во тинк тенкот Zero Foundation, укажувајќи на блиската соработка помеѓу партнерите во секторот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top