Насловна / Вести / BASF стартуваше програма за финансирање на стартап идеи во регионот

BASF стартуваше програма за финансирање на стартап идеи во регионот

Европскиот лидер во истражување и развој, и најголема германска хемиска компанија BASF, распишува регионален конкурс за инвестирање во стартап сцената, со посебен фокус на оние стартап идеи кои придонесуваат за одржливиот развој. Апликацирањето е веќе започнато и трае до 1-ви ноември 2020 година. Минималните неповратни парични средства за најдобрите идеи изнесуваат 5.000 евра, а најдобрите стартапи ќе добијат можност и понатаму да бидат финансирани од страна на BASF. Конкурсот е наменет за стартап компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, а услов за учество е пријавената идеја директно или индиректно да придонесува за намалување на загадувањето на воздухот. „Квалитетот на воздухот е еден од најголемите предизвици на современиот свет и тема на која човештвото се повеќе обрнува внимание. Без оглед дали станува збор за Целите на одржливиот развој на Обединетите Нации, повеќедецениското искуство во производство на катализатори за намалување на емисијата нa штетни гасови кај автомобилите или ентузијастички идеи на поедници, евидентно е дека мора заедно да пристапиме кон решавањето на овој проблем кој влијае на квалитетот на живот на секој од нас“, истакнува Симон Франко, директор на компанијата  BASF за Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

basf1

basf2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top