Насловна / Вести / Вселенската програма на Илон Маск ќе користи ракетно гориво добиено од јаглерод диоксидот од воздухот

Вселенската програма на Илон Маск ќе користи ракетно гориво добиено од јаглерод диоксидот од воздухот

Илон Маск, најбогатиот човек на светот и личност на годината на TIME magazine, открива дека неговата компанија SpaceX ќе стартува програма за зафаќање на јаглерод диоксидот од атмосферата заради производство на ракетнo гориво. Компанијата Space Exploration Technologies од Калифорнија, попозната како SpaceX, работи на решенија за колонизација на Марс. Основачот, генералниот директор и директор за технологија Илон Маск, веќе шпекулираше дека првиот екипаж на „црвената планета“ ќе отиде во 2026 година, а неодамна на Твитер ги праша своите следачи “дали мислат дека во 2032 на Марс ќе има луѓе?“

rocket1

Во својот препознатлив стил, токму на Твитер тој најави дека „SpaceX започнува со програма за зафаќање на CO2 од атмосферата и негово претворање во ракетно гориво.“ Маск ги повика заинтересираните компании и научници да се приклучат. На почетокот на годината, тој издвои 100 милиони американски долари за награди за четиригодишното натпреварување XPRIZE, за најдобри проекти за зафаќање и складирање на јаглерод  (Carbon Capture and Storage – CCS). Таа технологија би можела да биде компатибилна со амбициите на Маск за Марс.

rocket2

rocket4

Зафаќањето на CO2 од атмосферата е корисно за ублажување на климатските промени, бидејќи го намалува глобалното затоплување, но постоечките такви проекти не се од значителен обем. Таа технологија е позната под акронимот DAC (direct air capture). Освен тоа, CO2 од атмосферата на Марс и замрзнатиот CO2 за кој се верува дека постои на Месечината, теоретски би можеле да се искористат за производство на гориво кое би овозможило враќање на експедициите на Земјата. Научниците ја проучуваат употребата на микроорганизми за претворање на CO2 во шеќери, а нив во гориво, но и други материјали. Една од варијантите е мешанива на течен кислород и метан, а за нејзино производство потребна е и вода.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top