Насловна / Вести / Србија го отвори кластер 4 (Зелена агенда и одржлива поврзаност) во преговорите со ЕУ

Србија го отвори кластер 4 (Зелена агенда и одржлива поврзаност) во преговорите со ЕУ

На меѓувладината конференција во Брисел за пристапување на Западниот Балкан во ЕУ, на Србија и е овозможено отворање на преговорите за кластер 4, кој кој ги опфаќа Зелената агенда и одржливата поврзаност во пристапните преговори.

srbija1

Инаку, прцесот на преговарање го сочинуваат шест кластери со вкупно 35 поглавја, а Србија претходно го отвори и кластерот 1. Кластерот 4 е многу важен со оглед дека опфаќа четири поглавја кои се однесуваат на инфраструктурата и енергетиката. Тоа се поглавјето 14 за транспортната политика, 15 за енергетика, 21 за трансевропските мрежи и 27 за животна средина и климатски промени. Сите овие поглавја бараат серизони инвестиции со цел исполнување на строгите ЕУ критериуми. Премиерката Ана Брнабиќ навела дека само за поглавјето 27 на Србија и се потребни инвестиции од околу 10 милијарди евра (пречистителни станици за отпадни води, регионални депонии, канализациони мрежи и сл. ). Иако во ова поглавје, односно во заштитата на животната средина и климатските промени, Србија досега има остварено значаен напредок во усвојување на ЕУ легислативата, невладините организации укажуваат дека имплементацијата изостанува. Оваа ситуација е слична и кај нас и во целиот регион.

 

Испрати коментар

Scroll To Top