Насловна / Вести / Volkswagen го претстави возилото на иднината – роботакси OnePod

Volkswagen го претстави возилото на иднината – роботакси OnePod

Германскиот автомобилски гигант се приклучи на групата производители кои урбаната мобилност на иднината ја гледаат низ автономните повеќенаменски возила на електричен погон. Многу светски автомобилски компании, но и IT гиганти, сметаат дека самовозечките автомобили на струја во наредните децении би требало да ја сочинуваат сржта на урбаната мобилност. Сега нив им се придружува и Volkswagen, кој на манифестацијата DRIVE Volkswagen Group Forum го претстави концептот на автономното роботакси наречено OnePod. Основната намена му е да биде автономно возило достапно на барање. Концептот е сличен на некои веќе видени решенија, како тоа што го користеше Toyota на Олимписките игри во Токио.

onepod1

onepod2

 

Во Volkswagen велат дека OnePod би можел да има повеќе намени – како автономно такси за превоз до четворица патници, потоа како семејно превозно средство или возило за лица со инвалидитет, но и генерално гледано за превоз на разни општествени категории, како што се деца и стари лица, кои не можат сами да се движат низ градот. OnePod го карактеризираат големи стаклени површини кои овозможуваат непречен поглед на патниците кон околината, па употребата на овие возила може да се прошири и на туристичкиот сектор. Големите дигитални екрани во внатрешноста им ги овозможуваат на патниците сите потребни информации, додека практичноста на возилото се покажува и низ опцијата за спуштање и подигање на кабината. Освен тоа, во OnePod се влегува низ широка лизгачка врата, па пристапот кон патничката кабина е значително олеснет.  Инаку, овој концепт е осмислен во развојниот и дизајнерски центар на Volkswagen во Потсдам, а публиката ќе може да го види до 31-ви декември 2021 година во Берлин на изложбата Go.City – The Future of Urban Mobility.

onepod3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top