Volkswagen го објави првиот teaser за моделот Tayron со европски спецификации, кој ќе дебитира на 10-ти октомври. Компактниот SUV, кој во САД ќе се продава како нов Tiguan (2025), ветува дека ќе претставува чекор напред во однос на актуелната понуда. Новиот Tayron ќе биде подолг и попростран од европскиот Tiguan и ќе го наследи „пензионираниот“Tiguan Allspace.
Тayron ќе биде базиран на MQB Evo платформата, која ја користат Tiguan и Passat. Кинескиот Tayron L ќе понуди неколку трдиционални мотори со внатрешно согорување, вклучувајќи 1,5 и 2,0 литарски опции, додека европскиот Tayron најверорјатно ќе биде електричен.