Насловна / Вести / Greenpeace: Вложувањето во нуклеарни електрани е скапо

Greenpeace: Вложувањето во нуклеарни електрани е скапо

Активистите на Greenpeace од осум земји, на Меѓународната конференција „Нуклеарна енергија за нова Европа (NENE)“, која е одржана во Порторож, порачале „Нуклеарна бајка, скапа реалност!“

На референдумот кој ќе биде одржан во ноември, граѓаните на Словенија ќе се изјаснат во врска со изградбата на НЕ „Кршко 2“. Едно од најважните прашања кое би требало да се реши пред референдумската одлука, е поврзано токму со финансирањето на овој нов нуклеарен реактор, а Greenpeace Slovenia во последните месеци гласно предупредува на важноста од решавање на сите недоумици пред референдумот. Проектите за нуклеарни електрани во споредба со другата енергетска инфраструктура, имаат многу специфичен профил на инвестициски ризик поради високите почетни каптални барања и долготрајната изградба. Според досега објавените проценки за инвестицијата во НЕ„Кршко 2“, вкупната цена на изградба на реакторот од 1.000 MW би изнесувала 9,3 милијарди евра, а во случај на избор на поголем реактор од 1.650 MW, трошоците би надминале и 15 милијарди евра. Рокот на изградба може да достигне и до 20 години.

Прегледот на моменталните и предвидените модели на финансирање на нуклеарните реактори во Европа, покажува дека во последните децении трошоците за изградба на нуклеарните електрани постојано растат. Еден од најеклатантните примери е Hinkley Point C во Велика Британија, каде првобитната проценка на проектот изнесувала помеѓу 18 и 10 милијарди фунти, за во меѓувреме да се искачи на неверојатни 46 милијарди фунти. Слично на тоа, трошоците за нуклеарната електрана „Белене“ во Бугарија, првобитно се проценети на 4 милијарди евра, а се зголемиле на над 10 милијарди евра. Ова доведува до зголемување на производната цена на енергијата од ваквите капацитети.

Високата цена на нуклеарните проекти не е единствениот недостаток на нуклеарната енергија, Освен прескапата изградба и долгите рокови за реализација на овие проекти, енергијата не е ниту одржлива ниту безбедна. Нуклеарната енергетика создава повеќе проблеми отколку што нуди решенија, заклучиле од Greenpeace.

 

Испрати коментар

Scroll To Top