Насловна / Архитектура / Во Виена ќе бидат претставени најдобрите проекти на современата европска архитектура

Во Виена ќе бидат претставени најдобрите проекти на современата европска архитектура

Во Архитектонскиот центар во Виена, ќе бидат презентирани најдобрите проекти на современата архитектура, и тоа во склоп на изложбата „Најдобри европски градби“ (Best European Buildings) која ќе трае од 6-ти октомври 2022 до 23-ти јануари 2023 година. Градските власти соопштиле дека Европската комисија и шпанската фондација Miles van der Rohe, секоја година доделуваат награда за најдобрите дела на современата архитектура. Оваа престижна европска награда е вредна 80.000 евра.

laborda1

Изложбата е фокусирана на исклучителни атхитектонски проекти кои служат како ориентира за развој на современата архитектура. Додека станбените објекти по трет пат влегуваат во финалната рунда, лондонската образовна зграда Town House – Kingston University, на компанијата Grafton Architects со седиште во Дубаи, прв пат освојува главна награда. Добитник на наградата Emerging Architecture 2022, за млади таленти е La Borda, станбен комплекс за колективно домување во Барселона, која е воедно и највисока досега дрвена зграда во Шпанија.

laborda2

laborda4

 

Меѓу финалистите се и проектот  Frizz23 во берлинскиот округ Kreuzberg, проектот за железничка фарма во Париз, кој е комбинација од земјоделски производен погон и социјално домување, модернизацијата и развојот на Куќата на современа уметност, дизајн и архитектура Z33 u Hasselt, како и 85 субвенционирани станови на архитектонското студио peris+toral.arquitectes. Меѓу повеќе од петстотини проекти од 41 земја, жирито на чело со мексиканската архитектка Татиана Билбао, за изложбата избра 40 проекти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top