Насловна / Арт и дизајн / Johnnie Walker Blue Label – утописка визуелизација на светските градови

Johnnie Walker Blue Label – утописка визуелизација на светските градови

Откако ја прослави својата двестогодишнина во 2020 година, Johnnie Walker сега погледна 200 години во иднината за да создаде „инспирирана визија за утре“, со утописка визуелизација на светските градови која „го проширува умот“ за два века од сега.

2_resize

Лансирањето на линијата виски објавено е во соработка со познатиот дигитален уметник Лук Холс, кој креирал 10 дизајни во ограничено издание за Johnnie Walker Blue Label. Дизајните повторно го осмислуваат „просперитетното и енергично“ идно општество кое ги трансформирало градските пејзажи и хоризонти со прифаќање на новите научни достигнувања.

1_resize

„Патувањето на Johnnie Walkera трае 200 години, од оние рани денови кога нашиот основач Џон Вокер првпат ги отвори вратите на една мала продавница за прехрамбени производи во рурална Шкотска во 1820 година, ние отсекогаш гледавме во иднината со пркосен оптимизам и цврста верба во напредокот. Како оние пред нас, чекориме напред со поглед цврсто вперен во хоризонтот, движејќи се кон иднината преполна со бескрајни можности и верба дека заедно можеме да создадеме подобро утре. Илустрациите на Лук се возбудливо олицетворение на овој идеал“, изјави Ема Вокер.

3_resize

Колекцијата вклучува градови како Лондон, Хаинан, Тајпеј, Мексико Сити, Сеул, Сиднеј, Бангкок, Берлин и Сингапур, како и планетата Марс. Толкувањето на Холс на Марс 2220 го замислува човештвото како мултипланетарна цивилизација со раздвижени колонии на црвената планета.

0_resize

Холс објаснува: „Идејата за континуиран колективен напредок во светот навистина ја разгорува мојата имагинација – ми се допаѓа што Johnnie Walker е толку прогресивен во својот пристап. Затоа размислувањето за тоа како би можеле да изгледаат овие градови во иднина ми е толку интересно. Она што ме возбудува е шансата да го оживеам ова со истата посветеност на занаетот што тимот го носи во Johnnie Walker Blue Label. Се надевам дека мојата визија за иднината ѝ оддава почит на оваа стручност“.

Потрошувачите можат да го откријат светот на иднината со скенирање на QR-кодот на предната страна на шишето со помош на паметен телефон.

Испрати коментар

Scroll To Top