Насловна / Вести / Декларација за нови офшор ветерни електрани на Балтикот

Декларација за нови офшор ветерни електрани на Балтикот

Челниците на владите и министрите за енергетика на осум балтички земји, се состанаа оваа недела во Копенхаген, и притоа се обврзаа на изградба на нови офшор ветерни електрани во Балтичкото море. Здружението WindEurope јавува дека тоа море има огромен потенцијал за користење на ветерната енергија.

offshore1

Во моментот, моќноста на тамошните ветерни електрани изнесува 2,8 GW. Осумте земји (Данска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Германија, Полска и Шведска), сега се обврзаа да ја зголемат моќноста на ваквите електрани на 19,6 GW до 2030 година. Германија и Данска се единствените балтички земји кои имаат големи ветерни електрани во Балтичкото море и одлучни се во понатамошното зголемување на своите капацитети. Полска сака да има 6 GW во офшор ветерни електрани до 2030 година и 11 GW до 2040 година. Потоа, Финска има намера својата прва голема ветерна електрана да ја приклучи на мрежа во 2026 или 2027 година, а уште една веќе во 2028 година. Во Шведска во моментот околу 15GW во ваков вид на електрани се во фаза на добивање на потребните дозволи.  Естонија, Латвија и Литванија планираат да ги пуштат во погон своите први офшор ветерни електрани до крајот на оваа деценија.

offshore2

Треба да се истакне дека голе дел од балтичкиот регион до неодамна беше зависен од увоз на руски енергенти. Инсталирањето на што повеќе офшор ветерни електрани ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе ја намали зависноста од увоз на енергија.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top