Насловна / Вести / Во САД дронови доставувале лекови на пациенти

Во САД дронови доставувале лекови на пациенти

Дронови на мултинационалната поштенска компанија UPS за прв пат доставиле лекови во двор на приватна куќа и во дом за стари лица во САД, објавила компанијата.
Со летот пред десетина дена во градот Кери, Северна Каролина, UPS Flight Forward, ги победи конкурентите во трката за ова големо тржиште.
Друг дрон од аптека на CVS им доставил лекови на пациенти на јавна површина во склоп на дом за стари и немоќни лица.

дрон
Пакети со големина на помала кутија за чевли спуштени се од дронови кои лебделе на височина од шест метри.
Ова се први летови изведени во склоп на програмата која ја одобрила Сојузната управа за воздушен сообраќај на САД.
Регулаторите сеуште ги „пеглаат“ правилата по кои ќе функционираат беспилотните летала во американскиот воздушен простор. Прецизни насоки се очекуваат во 2012 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top