Насловна / Вести / Енергетските компании главно не се заинтересирани за Парискиот климатски договор

Енергетските компании главно не се заинтересирани за Парискиот климатски договор

Само 13 од 132 најголеми светски компании во секторите: јаглен, електрична енергија, нафта и природен гас, се обврзале дека ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид на нула. Ова го покажува истражувањето на Институтот за климатски промени и животна средина Grantham од London School of Economics, Oxford Martin School на Универзитетот во Оксфорд и Иницијативата за транзиција. Огромно мнозинство од компаниите од енерегтскиот сектор открива малку информации за своите политики за декарбонизација во согласност со она што науката го зборува за климатските промени. Извештајот констатира дека енергетскиот сектор постигнува ограничен напредок во остварувањето на целите на Парискиот климатски договор од 2015 година. Проеучувани с ејавните извештаи на 20 компании од областа на рударството на јаглен, 62 производители на електрична енергија и 50 производители на нафта и гас. Утврдено е дека три компании од секторот јаглен (BHP Billington, Exxaro Resources и South32) , девет од областа на електричната енергија (ČEZ, EDF, Endesa, Enel, Eon, Iberdrola, National Grid, Ørsted i XCEL Energy) и една од секторот нафта и гас (Eni), одредиле временска рамка во која емисиите од барем една од нивните осносни активности ќе се сведе на нула. Само 54% од анализираните компании ирично ги признаваат целите на Парискиот договор. Енергетскиот сектор е одговорен за над 70% од глобалната емсиија на стакленички гасови.

energycompanies1

energycompanies2

energycompanies3

Испрати коментар

Scroll To Top