Насловна / Архитектура / Во Русија хотел во внатрешноста на пештера

Во Русија хотел во внатрешноста на пештера

Проектот за хотел внатре во пештерата Воловскаја која се наоѓа на бреговите на реката Вишера во руралниот дел на Русија го изработило бирото Ad Hoc Architecture. Хотелот излегува од пештерата и терасата се спушта до водата. Идејата е да биде тесно поврзан со пејзажот, всушност проектот е синтеза на Уралските планини, историското и културното наследство и модерната архитектура.

1
Името „Велс“ хотелот го добил по истоименото село во кое се наоѓа пештерата. Пештерата е долга 280 метри и една е од трите најдолги пештери на Вишера. Низ пештерата води бетонска патека која почнува кај паркингот и завршува на рецепција, односно на влезот во хотелската зграда.

8

На крајот на пештерата е централниот простор на хотелот, преку кој може да се дојде до централниот плоштад покрај водата, а потоа излезе на патеката која го опкружува хотелот. Патеката за разгледување која се наоѓа во рамки на хотелот отворена е за сите посетители.

10

Пештерата е единствена по тоа што е формирана во подземен тек каде една река преоѓа во друга.
Минувајќи низ пештерата и хотелското лоби, посетителите влегуваат во отворен простор со маси кој се наоѓа во близина на водата. Ова е почеток на патеката која се протега околу, влегува во шумата и води и под земја.

4

9

Патеката за разгледување отворена е не само за гостите на хотелот, туку и за сите туристи, кои овде можат да уживаат во погледот на околната природа. На кровот на хотелот сместен е амфитеатар, односно простор каде посетителите можат да се дружат или да ја набљудуваат природата.

11
Покрај интересната локација, хотелот го карактеризира и соба на тишината, која штрчи од карпа во шумата. Собата е проектирана така за да може гостинот малку да се осами е помине некое време сам со себе и своите мисли. Патот до ова место не е особено истакнат. Само со прошетка низ шумата може да се најде патеката која води до оваа соба. Просторот е предвиден за една до две особи. Никој не гледа дали внатре има некого или не и кој се наоѓа тамо.

3
Во рамки на проектот се наоѓа и клупа која практично се спојува со провалија, од која се пружа фантастичен поглед на реката Вишера, Урал и шумата. Во шумата има и сауна која се состои од затворен простор и двор со надворешно џакузи. До сауната може да се дојде преку патека која ја поврзува сауната и реката Вишера.

12

Дел од хотелските соби се наоѓаат во шума како би се обезбедила максимална приватност за гостите на хотелот. Ѕидовите се од монолитен бетон со додаток на честици сол. Хотелот има 12 соби: апартман од 100 квадратни метри, стандардни соби и стандардни соби со плус кујни. Распоредот на просториите е така оријентиран за да овозможува најдобри погледи. Секоја соба има камин и кауч покрај прозор и нуди поглед на шумата и планината.

5

2

Испрати коментар

Scroll To Top