Насловна / Архитектура / Пресвртница во обновувањето на Нотр Дам

Пресвртница во обновувањето на Нотр Дам

Според последните информации на францускиот портал The Local, францускиот Сенат го одобрил Владиниот закон за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз, но додал клаузула според која катедралата мора да биде вратена во првобитната состојба, односно во последната видена состојба. Иато така, се нагласува дека според предвидените планови, катедралата мора да биде обновена до 2024. година, односно до Олимписките игир кои ќе се одржат во Париз.
Оваа одлука е во спротивност со иницијативата на претседателот Макрон, преку меѓународен конкурс да се добие иновативно решение на кровот и кулата на прочуената катедрала. А решенија стигаат и понатаму…

4

AJ6 Studio од Сао Паоло

Повеќе од еден месец после пожарот и натаму секојдневно се појавуваат нови предлози за идниот изглед на Нотр Дам. Додека некои предлагаат потполно нова намена на обновениот дел, како пчеларник или бизарни решенија како што е гаража на кровот, други се борат со обновувањето на Нотр Дам да се пристапува внимателно, како би се вратил објектот во изворна состојба.

2

Kiss The Architect од Кипар

Едни од заговорниците за спроведување алтернативна обнова на катедралата се и GoArchitect, кои покренале засебен конкурс со кој би се добиле иновативни решенија за обновување.

1

Valentino Gareri

„Доколку францускиот Сенат ја затвори вратата за дебата и истражувања за иднината на Нотр Дам, тоа би било ужасен губиток за демократијата на дизајнот. Како што знаеме сите, Нотр Дам е повеќе од објект, таа е сведок на историјата и споменик кој влијаел на генерации. Нотр Дам беше катедрала за луѓе, за нејзината иднина би требало сите луѓе да одлучуваат. Се чини дека делувањето на Сенатот ја спречуваа оваа прилика“, изјави Joshua Sanabria, извршен директор на здружението GoArchitect.
Од GoArchitect истакнуваат дека тие ќе продолжат со собирање проекти за обновување на катедралата. Евидентно е дека приказната за обновување на Нотр Дам ќе трае и понатаму, а кој е во право и што е навистина најдобро за иднината на прочуената катедрала во Париз, преостанува да се види.

Испрати коментар

Scroll To Top