Насловна / Вести / Во пустината Атакама се гради најголемиот систем за складирање на енергија во светот

Во пустината Атакама се гради најголемиот систем за складирање на енергија во светот

Шпанскиот производител на зелена енергија Grenergy започна со изградба на постројка за складирање на енергија во пустината Атакама во Чиле. Проектот Oasis de Atacama, од 4,1 GW ќе биде најголем на светот. Grenergy Renovables проектира, развива и имплементира големи постројки за производство на обновлива енергија. Оваа шпанска компанија најавила инвестиции од 2,6 милијарди евра до 2026 година. Од вкупниот износ, 1,5 милијарди евра се наменети за фотонапонски електрани, а 800 милиони евра за батериски системи за складирање на енергија.

atacama1

Чиле е клучната земја за растот на компанијата во секторот на складирање ан енергија. На северот на Чиле, освен споментиот најголем капацитет ан светот за складирање ан енергија, компанијата гради и фотонапонска електрана. Чиле е суперсила во поглед на развојот на секторот за складирање на енергија, поради исклучителните услови во пустината Атакама. Се очекува проектот да биде завршен за три години, а ќе биде пуштен во работа во фази и ќе придонесе за стабилноста на мрежата и декарбонизација на економијата, истакнуваат во компанијата. Од Grenergy истакнуваат дека потпишале договор за откуп на електричната енергија (PPA), со чилеанската компанија EMOAC на период од 15 години.

atacama2

 

Испрати коментар

Scroll To Top