Насловна / Вести / Фотографирајте го Скопје и освојте 50 илијади денари

Фотографирајте го Скопје и освојте 50 илијади денари

rsz_skopje
Град Скопје објави нов конкурс за избор на три најдобри фотографии со мотиви на Скопје. Учество можат да земат професионални фотографи, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето.

Апликантите можат да учествуваат со слики направени во која било општина во Скопје, снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона на годината.

Авторот на првонаградената фотографија ќе добие награда од 50.000 денари, втората награда изнесува 40.000, а третата 30.000 денари. Конкурсот ќе трае до 30 април од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Испрати коментар

Scroll To Top