Насловна / Вести / Во Њујорк ќе се прави прв парк со LEED Gold сертификат

Во Њујорк ќе се прави прв парк со LEED Gold сертификат

Проектот вреден 150 милиони долари има за цел да ја поправи оштетената еко и хидро структура на прочуениот Централ Парк во Њујорк со користење на еколошки одговорни системи.

1
Новата структура во Централ Парк вклучува рекреативен центар, базен и лизгалиште во склад со критериумите на сертификатот LEED Gold. Почетокот на работите на реконструкцијата на овој дел од паркот најавен е за наредната пролет, а се очекува работите да бидат готови во 2024. година.

2
Постоечкото лизгалиште и базен од 1966. година ја пореметуваат врската помеѓу езерото Harlem Meer и живописната Ravinе на југ од паркот, па затоа овие структури ќе бидат изместени за повторно да се воспостави пловен пат. За да се поврзат посетителите повторно со водата ќе се направи кривулесто шеталиште преку низа мали островца и ново мочуриште.

3 4
Новиот објект, кој тежи да добие сертификат LEED Gold ќе биде изграден од локални природни материјали, вклучувајќи дрво, камен и стакло. Срушените структури ќе се рециклираат за да можат да се користат за изградба на нови објекти.

Визуелна врска на отворено и затворено
Стаклени ѕидови, нагласени со тенки дрвени столбови, ќе пропуштаат светлина во новиот рекреативен центар за да се намали потребата од дополнителна расвета, а воедно ќе се воспостави визуелна врска со рекреативниот простор на отворено.

5
Кровот ќе биде изведен како дополнителен јавен простор за собирање и на овој начин ќе го ублажи ефектот на урбано топлотно острово.

Одговорна градежна пракса
„Темелното начело на проектот произлегува од водечката цел на реставрацијата: поправка на оштетената екологија и хидрологија на локацијата, што се филтрира преку секој аспект на посветеноста на проектот на одржливост и највисоките стандарди на еколошки одговорна градежна пракса“- пишува во соопштението на Central Park Conservancy, непрофитна организација која и го претстави овој иновативен проект.

6

7

Испрати коментар

Scroll To Top