Насловна / Вести / Европската унија планира да воведе данок за загадувачите

Европската унија планира да воведе данок за загадувачите

Европската унија веднаш ќе започне да работи на воведување данок за странските компании кои ја загадуваат околината, со цел да ги заштити компаниите од ЕУ кои настојуваат да ги остварат целите во врска со климатската неутралност до 2050 година. Како дел од овој план,  данокот на јаглерод диоксидот би ги штител европските компании од конкуренција од другите земји каде што обврските во однос на заштитата на климата се помалку строги.

Сепак, воведувањето на една ваква мерка нема да биде ни најмалку едноставно, бидејќи истата не смее да се коси со прописите на Светската трговска организација, па Европската Комисија ќе има тешка задача да ги испита изводливите опции. Како прв чекор до климатската неутралност во 2050 година, од Европската Комисија велат дека целта од 55% редукција на емисиите до 2030 година ќе биде навистина добро постигнување

carbon_tax1

carbon_tax3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top