Насловна / Вести / Во Хрватска ќе се гради најголемиот систем за складирање на енергија во југоисточна Европа

Во Хрватска ќе се гради најголемиот систем за складирање на енергија во југоисточна Европа

Европската комисија го одобри планот на Хрватска, да му исплати неповратни средства во висина од 19,8 милиони евра на операторот на системот за складирање на енергија IE-Energy.  Овие средства треба да и помогнат на компанијата да покрие дел од трошоците за набавка на батерии со доволен капацитет за опслужување на мрежата, а таа ќе пружа услуги за балансирање на операторите на преносниот систем за електрична енергија (TSO). Планиран е капацитет на батериите од 50MW, со што овој систем ќе биде најголем во југоисточна Европа.

ieenergy1

Помошта во форма на грант ќе покрие околу 30% од капиталните трошоци во склоп на проектот. Европската комисија заклучила дека проектот е неопходен за да се надмине моменталната нефункционалност на пазарот. Освен тоа, овој проект придонесува за модернизација на хрватската електроенергетска мрежа и подобрување на сигурноста во снабдувањето во оваа земја и ЕУ. Исто така, ќе ја забрза декарбонизацијата во Хрватска.

ieenergy2

IE-Energy има седиште во Риека, а минатата година се приклучува на intraday и day ahead пазарот на Хрватската берза за електрична енергија (CROPEX). Компанијата планира системот за складирање на енергија со батерии да го изгради во близина на Шибеник. Се предвидува првата фаза да заврши во првиот квартал од следната година, со оперативна моќност од 10MW. Целосното завршување на проектот е планирано за 2024 година.

Ваквите системи се повеќе добиваат на значење за балансирањето и за подобрување на сигурноста во снабдување. Турција работи на проект за складирање со капацитет од 250MW, а слични потфати с ево развој во Романија, Бугарија, Грција и Косово.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top