Насловна / Вести / Во Австрија нов закон за брзо возење: Одземање и продавање на возилата

Во Австрија нов закон за брзо возење: Одземање и продавање на возилата

Австрија подготвува закон според кој полицијата ќе може покрај возачката дозвола, да им го одземе автомобилот на возачите кои значително ја надминуваат дозволената брзина. „На нашите патишта едноставно има премногу луѓе кои не можат да бидат контролирани, за кои не функционираат казните и дополнителното образование. На овие луѓе мора да им се одземе оружјето“, рече австриската министерка за сообраќај Leonore Gewessler за време на презентацијата на нацрт-законот .

а1

Нацрт законот предвидува на возачите кои ќе ја надминат брзината од 60 километри на час во населено место или 70 километри на час вон населено место, автомобилот на лице место да им се одзема на две недели. За време на тој период би требало да биде проверено дали станува збор за возач кој веќе бил забележуван поради брзо возење.

а2

Доколку се покаже дека возачот веќе направил драстично прекршување на брзината, автомобилот може да биде продаден на аукција. Кај пречекорување на брзината од 80 километри на час во населено место или 90 километри на час вон населено место, автомобилот би бил веднаш запленет и продаден. На пример тоа би се однесувало на оние возачи кои на автопат во Австрија, каде најголемата дозволена брзина е 130 километри на час, ќе бидат фатени со брзина од 220 километри на час. Министерката Gewessler изјави дека овие мерки служат за зголемување на безбедноста во сообраќајот. „Со брзините за кои овде зборуваме, ниту еден возач веќе нема целосна контрола над својот автомобил“, изјави таа. Властите во Австрија годишно бележат од 400 до 450 случаи за кои би можел да се примени новиот закон. Законот може да стапи на сила кон средината на следната година.

а33

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top