Насловна / Архитектура / Најбрзиот лифт на светот стигнува до 121-виот кат за помалку од една минута

Најбрзиот лифт на светот стигнува до 121-виот кат за помалку од една минута

Еден облакодер во Шангај, не само што е највисоката градба во Кина, туку може да се пофали и дека го има најбрзиот лифт на светот. Се движи со брзина од 73,8 километри на час. Лифтот NexWay на јапонската компанија Mitsubishi Electric Corporation, стигнува до 121-виот кат за 53 секунди.

nexway1

nextway2

Со оглед дека 25 илјади луѓе секојдневно циркулира низ овој облакодер, добар лифт бил императив за исплатливост на огромните вложувања во оваа зграда. Облакодерот висок 632 метри е отворен во 2015 година, а лентата на терасата за набљудување на 118-тиот кат е пресечена во 2017 година. Хотелот J, кој е отворен во 2021 година, го зазема просторот помеѓу 86-тиот и 98-миот кат на зградата, и опфаќа 165 соби и апартмани. На 120-тиот кат се наоѓа застаклениот ресторан Heavenly Jin, со спектакуларен поглед на Шангај.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top