Насловна / Вести / Во Ангола е откриен најголемиот розев дијамант во последните 300 години

Во Ангола е откриен најголемиот розев дијамант во последните 300 години

Големиот розев дијамант од 170 карати е  откриен во Ангола и е најголемиот дијамант ископан во последните триста години. Наречен е „Луло роуз” и откриен е во рудникот Луло, во кој претходно се пронајдени двата најголеми дијаманти во историјата на  Ангола, вклучувајќи и еден чист од 404 карати.

rose1

Дијамантот ќе биде приодаден на меѓународен тендер преку анголската државна компанија за трговија со дијаманти. И покрај тоа што овој розев дијамант има импресивна големина,  рекордер е дијамантот „Кулинан”, откриен во Јужна Африка во 1905 година, од 3.106 карати, кој е вграден во британскиот кралски жезол.

rose2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top