Насловна / Вести / Во 2022 година стартува изградбата на најголемиот ветерен парк на јужната хемисфера

Во 2022 година стартува изградбата на најголемиот ветерен парк на јужната хемисфера

Ветерниот парк Golden Plains ќе се простира на 168 квадратни километри и проценето е дека ќе овозможи намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 4,8 милиони тони годишно. Според проектот кој веќе има добиено конечна планска дозвола, максималната височина на ветерните турбини е 230 метри, со пречник на роторот 165 метри. Локацијата на ветерниот парк е Rokewood, кој се наоѓа 130 километри западно од Мелбурн. Почетокот на изградбата е најавен за првата половина на 2022 година, и ќе биде тоа најголемиот ветерен парк на јужната хемисфера. Конечното одобрување доаѓа по долга правна борба со локалните фармери, кои барале да има 185 турбини и се противеле на големината на ветерниот парк. На крајот, нивните барања се усвоени, што довело и до издавање на дозволата.  Инсталираната моќност на централата е 1000MW.

golden1

golden2

golden3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top