Насловна / Вести / Вносен бизнис: Паркинг за авиони

Вносен бизнис: Паркинг за авиони

Околу 17.000 авиони, односно над 60% од сите патнички авиони во светот во моментот не летаат. Што станува со нив? Паркирањето на аеродромите е прескапо. Се разбира, постојат начини за решавање на овој проблем.  Додека во нормални околности, обично авионите од Франкфурт летаат кон Дубаи, Њујорк или Шангај кои се трите главни дестинации на интерконтиненталните летови, во актуелниов период тие одат кон една цел – Теруел, пишува DW.  Тоа е град со 35.000 жители, кој се наоѓа во покраината Арагон во Шпанија. Иако градот е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, не е позната дестинација за туристи. Но, поради пандемијата, аеродромот Теруел стана омилена дестинација за европските авио компании. Имено, тука компанијата Tarmac Aerosave и инаку нуди нешто што е сега посебно барано: долгорочни паркинг места за авиони. Тие тука се одржуваат и секогаш се подготвени за полетување. Теруел би можел да профитира и од подоцнежните последици на корона кризата, кога авионите кои веќе не се употребливи за сообраќај, би се  расклопувале и рециклирале. Тоа е работата со која се занимава компанијата Tarmac Aerosave. Важни критериуми за паркиралиште за авиони се: ниска влажност на воздухот, со цел да се минимизира опасноста од корозија, колку што е можно помалку ветер, и секако голем расположив простор. Никогаш немало толку многу авиони вон сообраќај  како сега. Во моментот, во светот има околу 26.000 активни авиони.

Сепак, во глобални рамки, најголем раст како паркинг за авиони доживува аеродромот „Елис Спрингс“ во австралискиот град Аутбек. Тамошното паркиралиште е формирано пред само неколку години од страна на Том Винсент, поранешен аналитичар на Дојче банка. Од 2014 година до пред прогласувањето на пандемијата, неговата компанија примила околу 40 авиони, но со кризата работите драстично се менуваат а бизнисот цвета. Имено, тоа е единствениот паркинг за авиони кој е во близина на азиско-пацифичкиот регион, кој бележи голем раст на авио сообраќајот. Дека овој бизнис е навистина вносен во кризни услови, зборува податокот дека за 13 месеци паркирањето на еден Boeing 777 носи приход од 300.000 евра.

teruel2

teruel3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top