Насловна / Вести / Американците не веруваат во влијанието од климатските промени

Американците не веруваат во влијанието од климатските промени

Поголем број од граѓаните на САД го потценуваат влијанието на климатските промени врз економијата, и улогата која економијата може да ја има во намалувањето на тоа влијание. Така покажуваат податоците на специјализираната компанија Inerjys Ventures кои се добиени со испитување на 2000 возрасни американски граѓани. Со испитувањето се покажало дека дури 38% од нив сметаат дека климатските промени ќе и наштетат на американската економија. Исто така, 25% од нив не сметаат дека обидите на одредени американски компании, се важни во спречувањето на климатските промени, а 35% веруваат дека не се вложува доволно во технологии за ублажување на климатските промени. Од друга страна, дури 42% од испитаниците веруваат дека владата има поголема одговорност за решавање на овие проблеми отколку компаниите.

climate changes2

Испрати коментар

Scroll To Top