Насловна / Вести / Електричен велосипед што се носи во торба

Електричен велосипед што се носи во торба

Популарноста на електричните возила расте заради урбанизација, сообраќајниот метеж, но и заради зачувување на животната средина и намалување на загадувањето на воздухот.
Истражувачите од Јапонија развија нов модел на електрично возило што може да се носи во ранец. Електричниот велосипед со надувување е именуван „Поимо“ и е создаден од тим од Универзитетот во Токио.

tocak
Целта била да се направи возило што е лесно преносливо, а тоа е погодно за мали и средни растојанија.
Кога сакате да го користите, основата на возилото се надувува, се поврзува со електрични и метални делови и велосипедот е подготвен да се вози. Кога ќе пристигнете на вашата дестинација – едноставно го кревате велосипедот.
„Поимо“ е изработен од термопластичен полиуретански материјал, и има мала електрична пумпа што може целосно да ја надува основата на возилото за околу една минута. Постојат и четири тркала, мал волан и електричен мотор.
Тежината на возилото е 5,5 килограми, но тимот на истражувачи изјавува дека тие работат на тоа да го направат велосипедот уште полесен, пишува Inceptivemind.
Исто така, неопходно е електричниот велосипед да биде дополнително ергономски и стабилен, по што ќе биде достапен на пазарот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top