Насловна / Архитектура / Владата на Обединетото Кралство и официјално ја отфрли Tulip Tower на Фостер

Владата на Обединетото Кралство и официјално ја отфрли Tulip Tower на Фостер

Владата на Обединетото Кралство ја отфрли кулата Tulip Tower проектирана од Фостер + Партнерс во Лондон, поради загриженоста за вградениот јаглерод во проектот и можното негативно влијание врз околното архитектонско наследство.

Одлуката е објавена на 11 ноември во писмо во име на британскиот секретарот за домување Michael Gove, а со писмото официјално е објавено дека одобрението за градба е одбиено за 305,3 метри високата кула. Се очекувало дека Tulip Tower ќе добие зелено светло во октомври.

Tulip Tower требаше да биде нов додаток на хоризонтот на Лондон. Беше планирана како нова јавна културна и туристичка атракција и највисока кула во градот.

2_resize

„Метеж од архитектонски идеи“

Во писмото се наведува дека кулата ќе има незначителна јавна корист за градот и се вели: „Намената, форма, материјалите и локацијата резултираат со проект кој би предизвикал значителна штета на значењето на кулите на Лондон, и дополнително штети на објектите кои се културно наследство“, надминувајќи ги економските, туристичките и образовните придобивки од предлогот.

Другата важна точка во писмото која е нагласена е дека: „Кулата има многу висока вградена енергија и неодржлив животен циклус“.

1_resize

„Врз основа на критериумите за планирање, проектот не е со највисок архитектонски квалитет, особено поради недостатокот на земање во предвид на културното наследството, но исто така и поради неговата слаба одржливост“, се додава во писмото. Додека владата на Обединетото Кралство го оценува проектот како „метеж од архитектонски идеи“,нагласувајќи дека квалитетот на проектот не е доволен во оваа смисла. „Пристапот е мешаница од архитектонски идеи и би бил компромитиран, а нерешените принципи кои стојат зад проектот би значеле дека во многу аспекти седат на две столици“, се додава во писмото.

„Државниот секретар се согласува со Инспекторатот, кој исто така смета дека проектот нема да претставува дизајн со извонреден квалитет и дека квалитетот на дизајнот нема да биде ни приближно доволно висок за да ја негира неговата штета врз културното наследството“.

DBOX for Foster + Partners - The Tulip

„Државниот секретар напоменува дека има малку докази за тоа како интерните ревизии на проектот го допуштиле исходот, дека немало независна ревизија сè додека барањето не било поднесено до комисијата и нема информации за тоа на кој начин прашањата за наследството одиграле улога во изборот на локацијата, материјалите, висината или обликот и формата на објектот“, се наведува во писмото.

„Мошне неодржлив концепт“

По годишната конференција за климата COP26, која заврши на 12 ноември 2021 година, се гледа дека Владата на Обединетото Кралство за прв пат детално го сврте вниманието на вградениот јаглерод во своите критериуми за одржливост и го критикува проектот како „мошне неодржлив концепт“.

Се вели дека „обемните мерки што ќе се преземат за да се намалат емисиите на јаглерод за време на изградбата нема да го надминат мошне неодржливиот концепт на користење на огромни количини армиран бетон за темелите и окната за лифтовите за транспорт на посетителите на што е можно повисоко ниво за да уживаат во погледот.“

Како дел од климатската конференција COP26, Норман Фостер имаше дијалог со Џон Кери на Климатскиот појадок со градоначалниците. Целиот разговор можете да го погледнете од тука.

фос_resize

Фостер + Партнерс првпат го претставија проектот за Tulip Tower во 2018 година. Во 2019 година, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го отфрли предлог-проектот, тврдејќи дека „јавните придобивки од проектот се ограничени“, иако плановите првично беа одобрени од Градот Лондон во април 2019 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top