Насловна / Архитектура / Rimac Nevera во Павилјонот на Хрватска на Експо 2020 Дубаи

Rimac Nevera во Павилјонот на Хрватска на Експо 2020 Дубаи

На импресивниот културен и деловен настан Експо 2020 Дубаи – „Поврзувањето на умови, создавање на иднината“ се претстави и Република Хрватска, чиј павилјон и тема на настапот носат наслов „Croatia Inspiring Great Minds“ (Хрватска инспирира големи умови). Павилјонот на Хрватска е првонаграден проект на одржаниот архитектонски конкурс распишан од Министерството за туризам. Павилјонот е дело на бирото Реал Група, a дел од тимот е и познатиот архитект Анте Врбан по потекло од Шибеник. Фасадата на павилјонот е инспирирана од препознатливите хрватски црвени квадрати, додека внатрешноста ја красат мултимедијални прикази на хрватската природа и културно наследство.

1_resize

Програмските активности кои го придружуваат настапот на Хрватска на Експо дополнително вклучуваат бројни панели и културно-уметнички настапи кои ќе се реализираат преку тематски недели.

3_resize

Хрватскиот павилјон ги претставува генијалните умови како Никола Тесла, Руѓер Бошковиќ и Славољуб Пенкала, кои оставија значајна трага во светот со своите идеи и пронајдоци, додека највредниот експонат e автомобилот Rimac Nevera, најбрзиот електричен хипер автомобил во светот.

6_resize

2_resize

Покрај со наука, Хрватска се претставува и преку спортот, па така истакнати се спортисти како Дражен Петровиќ, Јаница и Ивица Костелиќ, Лука Модриќ и многу други.

Изложбениот дел од павилјонот опфаќа и виртуелно искуство – гледање, слушање и патување низ цела Хрватска и претставување на нејзините природни убавини, туристички атракции и специфики.

5_resize

7_resize

4_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top