Насловна / Вести / Најдобрите 10 дестинации во Европа за градежни работници

Најдобрите 10 дестинации во Европа за градежни работници

Неодамнешното истражување на производителот на работна облека за градежништвото Workwear Guru се обидува да ги идентификува најдобрите места за работа за градежните работници ширум светот. Студијата зема во предвид три главни фактори за рангирање на земјите:  просечни плати во секторот, безбедност  и трошоци на живот. Притоа, во однос на трошоците на живот се користат податоци од Cost of Living index и Numbeo. Индексот ги споредува земјите и градовите според трошоците за сообраќајот, храната и сл. Земјите со повисоки трошоци на живот имаат понизок скор.

work1

 

Со користење на податоците од Salaryexplorer, студијата исто така ги споредува просечните плати за градежните работници и ги адаптира на индексот за трошоци на живот за секоја земја. Имајќи во предвид дека градежништвото е една од најопасните индустрии со 250 инциденти на 10,000 FTE, предноста од безбедноста на градилиштата е повеќе од јасна при утврдувањето на конечното рангирање.  Со користење на податоци од Lloyd’s Register Foundation, безбедноста за земјите во Европа и во светот е измерена како процент од испитаниците кои одговориле афирмативно за условите во поглед на безбедно работно место наспроти оние кои претрпеле сериозна повреда на работа.

work3

Ова се топ 10 земји во Европа:

1. Швајцарија

Просечна плата: $79, 159

Трошоци на живот: 125.02

Безбедност: 13%

 

2. Велика Британија

Просечна плата: $57,957

Трошоци на живот: 70.64

Безбедност: 8%

 

3. Белгија

Просечна плата: $53,501

Трошоци на живот: 75.79

Безбедност: 12%

 

4. Луксембург

Просечна плата: $40,731

Трошоци на живот: 85.3

Безбедност: 11%

 

5. Холандија

Просечна плата: $41,312

Трошоци на живот: 78.93

Безбедност: 15%

 

6. Данска

Просечна плата: $45,295

Трошоци на живот: 88.53

Безбедност: 20%

 

7. Финска

Просечна плата: $38,843

Трошоци на живот: 76.35

Безбедност: 18%

 

8. Норвешка

Просечна плата: $40,326

Трошоци на живот: 103.56

Безбедност: 14%

 

9. Малта

Просечна плата: $38,366

Трошоци на живот: 72.92

Безбедност: 19%

 

10. Франција

Просечна плата: $34,270

Трошоци на живот: 77.59

Безбедност: 11%

work2

Испрати коментар

Scroll To Top