Насловна / Вести / Владата го поддржа проектот за „Бас рапид транзит“ во Скопје

Владата го поддржа проектот за „Бас рапид транзит“ во Скопје

Владата даде поддршка за воведување БРТ или „Бас рапид транзит“ на територијата на град Скопје, кој претпоставува воспоставување коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (гас и електромотори).

BRT sistem vo Skopje1

“Овој систем на коридори, популарно нареченото автобуско метро, ќе овозможи траса која е физички издвоена од другите учесници во сообраќајот, со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето“, велат од Владата.

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја почне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити-студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

BRT sistem vo Skopje

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top