Два дена Северна Македонија беше домаќин на првата Меѓународна конференција за хидроенергија како и на меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода RENEXPO®NMK 2019.
![]()
На конференцијата учесниците говореа за фотоволтаиците, управувањето со цврст отпад, одржливо управување со води и отпадни води. Исто така, учесниците дадоа објаснување и за визиите, потенцијалите и развојот на пазарот на хидроенергија. На Конференцијата беа објаснети и правните состојби, одобрувања, стандарди и регулативи потребни за изградба на мали хидроелектрани во Македонија, а беа пренесени и најдобрите практики и примери. Експертите од Македонија и од странство дадоа објаснување за енергетски ефикасните системи што се применети, како и за бенефитите што може да се добијат од нив. Организатор на настанот беше Enterprise Europe Network во Македонија.
![]()
Во рамки на саемот, пак, беа одржани повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, а изложени беа и иновативни решенија на компании од секторот. Исто така, се организираа и б2б средби за вмрежување на компании.
![]()
![]()
![]()
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија