Насловна / Архитектура / Викендица од челик и стакло на падините на Авала

Викендица од челик и стакло на падините на Авала

Нарачателот на проектот, сакал викенд куќа каква никој друг ја нема во Србија. Иако желбите биле големи, буџетот (сепак) бил мал. Решението за проблемот го понудиле Немања Зимоњиќ и Огњен Крашна, архитекти од белградското студиото ТЕН, со невообичаен однос помеѓу отворениот и затворениот простор, куќата и терасата, на оваа куќа од 156 квадратни метри на Авала.

3_resize

5_resize

Лесната структура од челик и стакло елегантно се надвиснува над куќи со мали прозорци и двоводен кров. Спротивно на своето опкружување, оваа куќа е отворена и променлива. Имено, преку системот на подвижни панели и тенди, куќата ја менува својата намена, форма и појавност. Преку неколку трансформации, корисникот има целосна моќ на контрола на осонченоста, отвореноста и вентилацијата на просторот.

9_resize 14_resize

Иако сензационална, оваа куќа е изградена „доследно на оригиналната архитектонска идеја и покрај или со расположивите ресурси и начини кои потполно одговараат на локалните стандарди, а овде не мислам само на финансиите, туку и на знаењето на мајсторите, занаетчиите, материјалите и нивната достапност на пазарот“, наведува Немања Зимоњиќ. Целта била да се проектира и реализира во рамките на утврдениот буџет, локално достапните материјали и техники на градење.

8_resize 6_resize

Куќа со четири тераси

Функционално, куќата е замислена како простор од четири тераси, кои лебдат над теренот. Градината поминува непрекинато под објектот и формира централен двор. Секоја тераса има своја намена и материјализација. Една од нив со систем на подвижни sидови може да се трансформира во затворен простор за живеење. Ефектот на „лебдење над теренот“ изискувал софистицирана статичка пресметка, оптимизација на челичната конструкција и примена на напредни техники на изведување на лице место.

15_resize

Конструкција од челични профили

Конструкцијата на објектот се состои од челична скелетна рамка 3.3 × 3.3 метри, профил од 80 милиметри кој се носи на три основни точки. Елементите на челичната конструкција изработени се во работилница, потоа се транспортирани и заварени.

12_resize 11_resize

„Важно е да се напомене дека секој детал е видлив и конструктивен, сè што гледате придонесува за статиката на куќата, (поточно) постои директна врска со конструкцијата“ – нагласуваат проектантите. На овој начин, на секој детал може да му се пристапи и да се поправи ако е потребно, а секоја конструкција тоа го бара по 50 или 100 години употреба.

14_resize

Покрај тоа, секој елемент е промислен до последниот детал. На пример, материјалот на фасадата е алуминиумска браварија со големи прозорски отвори, со ротирачки панели на северната страна од куќата. Сите овие елементи архитектите сами ги конструирале и ги извеле со помош на локални занаетчии. Во архитектурата на куќата, неизбежни се и тенди, кои се (исто така) уникатно решени.

22_resize

Ентериер лесен за одржување

Проектирана исклучиво за топли (летни) услови, куќата ја брише традиционалната граница помеѓу внатрешноста и надворешноста. Ова барало примена на издржливи и цврсти материјали. Ринол тип на бетонски под ги исполни сите барања за лесно вградување, механичка отпорност, отпорност на абење, долговечност и лесно одржување.

19_resize

„Нашата премиса е дека секој материјал на ентериерот треба да биде лесен за одржување, како и да припаѓа на карактерот на куќата и начинот на кој е правена, да ја рефлектира таа идеја и присуството на природата. Секако, сè што работевме, работевме повторно локално – неколку километри подалеку, така што тоа беше основното правило кое не водеше. Што се однесува до мебелот, ние не се мешавме, секој може да опреми како што сака. Куќата го дозволува тоа “- заклучуваат архитектите.

1_resize 16_resize 17_resize 18_resize 20_resize 21_resize Model Model

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top