Насловна / Вести / До 2050 година тропските шуми може да произведуваат СО2 наместо да го отстранат

До 2050 година тропските шуми може да произведуваат СО2 наместо да го отстранат

Зголемувањето на температурите во следните неколку децении може да предизвика копнени екосистеми на Земјата – вклучувајќи ги и дождовните шуми – да почнат да ослободуваат јаглерод во атмосферата, наместо да го отстрануваат.

Колку екосистемот може да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод зависи од температурата. Ова е затоа што живите суштества имаат оптимален температурен опсег на кој можат да функционираат правилно. Ако нешто тргне наопаку во тој систем – работите одат наопаку.

sumi

Кетрин Дафи од Универзитетот во Северна Аризона, заедно со нејзините колеги, покажаа „крива на зависност од температурата“ кај растенијата што предвидува реакции на температурни промени за целата копнена вегетација на Земјата. Моделот е изграден со употреба на податоци од FLUXNET, глобална мрежа на метеоролошки сензори кои ја следат размената на јаглерод во екосистемите. За растенијата, зголемувањето на температурата може да доведе до пониски стапки на фотосинтеза. Бидејќи растенијата ослободуваат јаглерод диоксид за време на дишењето, постои можност екосистемите постепено да преминат на производство наместо да го намалуваат складирањето на стакленички гасови, пишува Енергетски портал.

Резултатите на тимот покажуваат дека пресвртницата, во која сите копнени системи се претвораат во извори на јаглерод, може да се постигне во следните 20-30 години.

“Сите растенија на Земјата собираат околу 30 отсто од вкупниот јаглерод што го испуштаме, па ако тоа не се повтори, може да се создаде неодржлива стапка на раст на климатските промени“, вели Дафи.

sumi1

Што навистина се случува? За време на процесот на фотосинтеза, растенијата апсорбираат СО2 и создаваат кислород, а во тој процес преовладуваат тропските дождовни шуми, кои апсорбираат повеќе јаглерод диоксид од кој било друг екосистем на земјата. Овие „бели дробови на светот“ се географски лоцирани во Јужна Америка, Азија, Африка и Австралија. Бидејќи тие се дарежлив извор на ресурси како дрво и минерали, тие често се користат неконтролирано, што е сериозен проблем и една од главните причини за глобалното затоплување и климатските промени.

“Тоа е јамка каде што растенијата трошат помалку јаглерод, се ослободува повеќе јаглерод во атмосферата, има повеќе греење и така натаму“, објаснува Дафи.

sumi2

Дејвид Галбрајт од англискиот универзитет во Лидс, го поддржа истражувањето. “Информациите што ги добија даваат многу корисен придонес за формирање попрецизна проекција и решение за иднината“, вели тој. Да потсетиме, во периодот помеѓу 2000 и 2013 година се изгуби област на недопрени екосистеми со големина на Мексико. Истражувачите објаснуваат дека ова има сериозни последици врз глобалниот биодиверзитет и кај луѓето кои се потпираат на природните ресурси.

Студија на ООН објавена минатиот септември открива поразителни факти – светските влади не постигнале ниту една од 20-те цели што ги поставија за зачувување на биодиверзитетот до 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top