Во пристаништето Бургас, стигнале нови 2526 цевки наменети за гасоводот чија изградба е во тек. Ова е втора пратка во склоп на проектот, откако кон крајот на март оваа година стигнал првиот контингент, од кој дел е веќе поставен на трасата на делницата од Кулата до Кресна. Оваа делница е првата фаза од вертикалниот гасовод, долг 48 километри, кој ќе го зголеми капацитетот на доток на гас од Грција кон Бугарија на околу 3,6 милијарди m3 годишно. Првата фаза ќе биде завршена до 2026 година. Делницата Рупча – Ветрино, долга 61 километар, е втората фаза во працец кон Романија. Планирано е зголемување на капацитетот до 10 милијарди m3 годишно.

Очекувањата на бугарските власти и стручњаци за вертикалниот гасен коридор се големи. Според нив, освен што ќе придонесе за енергетската безбедност на југоисточна Европа, проектот ќе има позитивно влијание и на граѓаните на Бугарија, преку приходите од транзит кој ќе ги остварува компанијата „Булгартрансгаз“.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија