Насловна / Архитектура / Утре предавање на Никола Руси од Италија, професор по архитектура и урбана композиција

Утре предавање на Никола Руси од Италија, професор по архитектура и урбана композиција

Во сабота (01.06.2019 година) на Скопје креатива во МКЦ парк Младински културен центар ќе се случат повеќе настани поврзани со архитектура, екологија и култура.

Програма за архитектура | Екологии на градот

МКЦ парк

19.00 – 19.30 • Отворање на архитектонско тело (приклучок) кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на местото – паркот на Младински културен центар.
19.30 – 20.30 • Предавање на Nicola Russi, Италија – основач на Laboratorio Permanente, професор по архитектура и урбана композиција на Политехничкиот факултет во Торино и член на Извршниот одбор на АНЦСА, Националното здружение на историски и уметнички центри. Презентација на „Климатските агенти“ – проект за регенерација на два напуштени железнички дворови на северната и јужна периферија на Милано кој ја сврти перспективата на тековниот економски развој во обратна насока и предлага два нови еколошки уреди. /во соработка со МКЦ/

mkc

21.00 – 22.00 • Градот убав? – филмови на ФДУ Скопје во Парк МКЦ
Избор на неколку документарни филмови на студентите на Факултетот за драмски уметности /Сандра Ѓорѓиева, Владимир Митревски, Горјан Атанасов/ што го коментираат животот на младите во современо Скопје.

Театар

МКЦ кино Фросина

20.00 – 21.00 • „Како се прави човек“ – колективно авторство, режија: Hana Milenkovska, продукција: Театар на Навигаторот Цветко / Theatre Navigator Cvetko
Музичка програма

МКЦ горно фоаје кино Фросина

23.00 • Afriqua а.к.а Адам Лонгман Паркер од Берлин, локална поддршка Мирко Попов

Влезот е слободен.

Испрати коментар

Scroll To Top