Насловна / Вести / Кој ќе биде најголемиот играч во offshore ветерниците во Европа?

Кој ќе биде најголемиот играч во offshore ветерниците во Европа?

Француската компанија Engie и португалскиот EDP соопштија дека ќе вложат 15 милијарди евра со цел да станат водечки светски сопственик на offshore ветерни електрани, по дански Orsted. Двете енергетски компании, кои досега воопшто немале оперативни offshore ветерни паркови, изјавиле дека ќе ги комбинираат своите offshore ветерни електрани и проекти во подготовка, почнувајќи со вкупно 1,5 GW во изградба, и 4 GW во подготовка.

engie1

Заедничкото вложување, има за цел да постигне од 5 до 7GW оперативни проекти или во изградба, како и 5-10 GW во развој до 2025 година. Според податоците на WindEurope, кон крајот на 2018 година, Orsted имал инсталиран капаците од околу 3 GW, што му дава пазарен удел од околу 16%, а следуваат германскиот E.ON, шведскиот Vattenfall и германскиот Innogy, секој со инсталирани околу 1GW.

engie2

engie3

Испрати коментар

Scroll To Top