Насловна / Вести / Утре француски и македонски професионалци околу проблематиката поврзана со патиштата

Утре француски и македонски професионалци околу проблематиката поврзана со патиштата

Во рамките на француско-македонската соработка, Амбасадата на Франција и Јавното претпријатие за државни патишта организираат ден посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура. Настанот ќе се одржи во среда, на 19 јуни 2019 година, од 8:30 до 14:00 часот, во седиштето на Јавното претпријатие за државни патишта (Даме Груев, бр. 14 – 1000 Скопје).Овој настан ќе обедини педесетина француски и македонски професионалци околу проблематиката поврзана со патиштата. Денот ќе биде можност за француските експерти да го споделат своето знаење со нивните македонски колеги. Претставници на француските компании „Freyssinet“ и „Sixense“, подружници на „Vinci“, како и „Selenizza“ и „Egis“ ќе допатуваат специјално од Франција за да презентираат дел од најнапредните технологии во оваа област.

пат

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top