Насловна / Вести / Загреб и Новска градат постројка за биоотпад вредна 50 милиони евра

Загреб и Новска градат постројка за биоотпад вредна 50 милиони евра

Градовите Загреб и Новска, како и Загребскиот центар за управување со отпад, потпишале спогодба за изградба на постројка за третирање на собраниот биооотпад. Од Загреб отпадот ќе биде превезуван до Новска, каде ќе биде изграден погонот во кој ќе бидат инвестирани 50 милиони евра.  Како што на својот сајт објави Град Загреб, комплетната документација која вклучува и издавање на градежна дозвола, требало да биде објавен јавен оглас за изведба.  Студијата ќе определи каква технологија ќе се применува, односно дали ќе се гради компостара или биогасна постројка. Со потпишаната спогодба предвидена е изработка на студиско – проектна документација која е планирано да чини 600.000 евра.

Novska1

Со влегувањето во ЕУ, Хрватска ги прифати правилата во оваа област и донесе План за управување со отпадот, со што се ообврзува да издвојува 40% биоотпад од мешовитиот комунален отпад, а потоа истиот да го преработи.

После Дарувар, Копривница, Вараждин, Крижевац и други градови, кои веќе изградија вакви био постројки, Новска одлучи да тргне во заеднички проект со Загреб во деловната зона на територијата на Новска. Со оглед дека Новска е земјоделски крај, производството на компост е многу важно, а генерирањето пак на биогас, може да ја сврсти Новска и на енергетската мапа на Хрватска.

Novska3

Novska2

 

Испрати коментар

Scroll To Top